Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Јанушев: Граѓаните им кажаа НЕ на негативните политики, криминалот, корупцијата и непотизмот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Janusev

СДСМ за две години со своето погубно владеење, неправдите, криминалот и корупцијата загуби околу 300.000 гласови. Заев и Пендаровски ја уназадуваат Република Македонија и граѓаните тоа го казнија, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Наместо голи флоскули како СДСМ ќе презентираме бројки и факти. СДСМ тоне и за тоа нема спас. Коалицијата која ја предводеше СДСМ во 2016 година броеше 14 партии, во 2017 година броеше 24 партии, додека сега бројат над 30. Но. Додека бројот на партии расте, бројот на гласови вртоглаво опаѓа.

Коалицијата предводена од СДСМ, во која се партиите ДУИ, ДПА, ДОМ, ЛДС, ДП, ВМРО НП, Обединети за Македонија уште 20  други партии овие избори освои само 323 илјади гласа, ова е пад од речиси 200.000 гласови на истата оваа гарнитура од политички партии кои заедно во 2017 година освоија над 523 илјади гласови.

— реклама —

Граѓаните им кажаа НЕ на негативните политики, криминалот, корупцијата и непотизмот. А Заев и Пендаровски за само една  година паднаа за околу 200.000 гласа.

Падот на гласови на власта е уште поголем доколку се погледнат резултатите од парламентарните избори во 2016 година, кога коалицијата која ја предводеше власта освои околу 608 илјади гласови.  Падот на гласови на власта од 2016 до денес повторувам изнесува скоро 300.000 гласа.

Заев и Пендаровски изгубија 300.000 гласа. Заев и Пендаровски изгубија и во Скопје и во Битола, во Штип, во Прилеп, Велес односно во над 60 општини во државата, од кои во 47 општини со директно соочување со ВМРО-ДПМНЕ.

На  5-ти мај граѓаните ќе го поразат Заев и Пендаровски. Поразот на Пендаровски е крај за Заев и сета деструктивна и криминогена политика во изминативе две години.

ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова се за право и правдина за Македонија и во Македонија. Ние се залагаме за подобра  иднина, посилна економија, чиста животна средина, зголемена безбедност, депаритизирана администрација, независно судство и буквално ама буквално почитување на принципите и вредностите на кои се темелат модерните демократии, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања