Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Јанушев: Како синот на генералниот секретар на Собранието Иванова и бизнис партнер на Трајче Заев доби тендер од над од 300.000 евра?ителни околности.

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Janusev-PRESS-2312-2

Роднините на функционерите на СДСМ и бизнис партнерите на фамилијата Заеви се имаат уклучено на најјако во грабање на државни тендери со огромни суми. Денес ќе ви презентираме крајно сомнителен тендер во која е вмешан близок роднина на висок функционер на СДСМ. Имено, се работи за тендерот распишан од страна на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта за Извршување на патни работи во зимски услови, и тоа за територија на подрачјето на Штип за сезоната 2019-2020 година, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Ни помалку ни повеќе, најповолен понудувач за овој тендер, на кој вредноста може да достигне и до повеќе од 300.000 евра е синот на генералниот секретар на Собранието од редовите на СДСМ – Цветанка Иванова.

— реклама —

Зоран Иванов, син на Цветанка е сопственик на фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ Струмица, а воедно истиот Иванов е и бизнис партнер на Трајче Заев во фирмата „ОМНИ ГРАДБА“ ДОО Струмица која се занимава со градежништво.

Многу е нејасно, чудно и симптоматично како баш оваа фирма предводена од синот на Иванова и бизнис партнер на Трајче Заев го доби токму овој тендер и тоа под исклучително сомнителни околности.

— реклама —

Зошто сомнителни?

Податоците говорат дека кога одлуката за избор е донесена на 08.11.2019 година, согласно електронскиот сајт за јавни набавки, нашите информации говорат дека токму во тој период фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ Струмица не ги исполнувала основните услови за добивање на тендерот кои се барало, односно не ја поседувала потребната механизација.

Во тендерската документација се бара копија од валидна сообраќајна книшка и изјава со опис за техничка опрема која економскиот оператор ја има на располагање за извршување на оваа набавка за тоа дека понуденото возило односно градежна машина е со валидна сообраќајна книшка, и ги задоволува во целост карактеристиките дадени во Техничката спецификација од постапката.

Нашите информации говорат дека дури после две недели, Зоран Иванов и фирмата „ДИКОР ЦД“ ја набавиле од грчка фирма потребната механизација и тоа под закуп. Машините се со грчки регистарски таблици и со налепници од грчката фирма сопственик. Ова не потсетува на случајот каде камионите на Вице Заев возеа за „СВ ИНВЕСТ“ во РЕК Битола.

Прашуваме, дали најпрвин е добиен тендерот од страна на Зоран Иванов, а дури потоа е обезбедена целокупната механизација?

Дали однапред се знаело дека тендерот ќе го добие токму синот на Цветанка Иванова и бизнис партнер на Трајче Заев?

Дали возилата ги исполнуваат потребните стандарди согласно тендерската документација и важечки закони, а пред се дали ги исполнуваат еколошките стандарди?

Дали надлежните институции знаеле за овие сомнителни работи и молчеле?

Кој ќе ја сноси одговорноста?

Граѓаните очекуваат одговори и тоа веднаш!

Очигледно е како се располага со државните пари и како се слеваат истите во џебовите на функционерите на СДСМ.

Што побрзо си замине оваа криминално - рекетарска банда од власт, толку побрзо Македонија ќе може да тргне напред.

Потребна е обнова на Македонија и обновата доаѓа по 12-ти април, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања