Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Јанушев: Македонија е распната на меѓународниот столб на срамот, Со Заев на власт, мафијата си доби своја држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Janushev-

Ништо нема да биде во ред се додека главата на криминално-рекетарскиот октопод е на слобода и го командува Русковска обвинителството.

Македонија е распната на меѓународниот столб на срамот. Јасно е дека со Зоран Заев на власт, мафијата си доби своја држава. Институциите наместо во служба на граѓаните, ставени се во служба на криминалот.

— реклама —

Секој чесен граѓанин на Република Македонија е огорчен од ова што го гледаме и слушаме секодјенвно.

— реклама —

Третиот чин од овој крими филм на власта целосно ги разголува и Зоран Заев и неговата штитеничка Катица Јанева.

— реклама —

Нема поголемо лицемерие од барањето на Заев правдата да излезе на виделина. Заев е жив фатен во криминал и тоа не прв пат и гледа само како да се спаси.

Неговата штитеничка и соработничка Јанева, лаже исто како шефот Заев. Од најновиве снимки, секој може јасно да слушне колку Јанева разговара официјално и колку Јанева била во комуникација само поради истрагата.

Еве заради вакви криминали Македонија е се подалеку од Европската Унија, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Ако некој до сега имаше било каква резерва за главата на рекетарско-политичко-обвинителскиот октопод, сега веќе на сите им е јасно.

Од снимките станува јасно дека Зоран Заев е директно вмешан во уценувањето и изнудувањето на милионски износи со цел да се прави пазар со правдата.

Првообвинетиот во рекет, лицето Бојан Јовановски сега веќе познат како Боки Тредичи јасно и гласно кажува дека има зборувано со Зоран Заев за целата операција. Тој покажува нивни заеднички приватни слики и кажува за чести заеднички средби.

Ако сето ова го знаеле од обвинителството на Русковска и ако ова е дел од материјалите кои ги имаат како докази, зошто ја манипулираа јавноста дека демек еве Зоран Заев прв пријавил? Овој материјал посочува дека тој дури и да пријавил, тоа го сторил за да се спаси бидејќи знаел дека постојат докази за неговата вмешаност во целата операција на Боки 13 и Катица Јанева и веројатно дал амин таа да се реализира.

Ако материјалите кои излегуваат во јавноста ги поседува обвинителството на Русковска, тогаш наместо на одмор и замрзнување на истрагата, таа досега требаше да даде налог Катица Јанева да биде приведена, а истото требаше да го направи и за Зоран Заев. Во ваква ситуација останува сомнежот дека целата истражна постапка која наводно ја води обвинителството е една голема фарса која има за цел да ги заштити високите функционери кои се дел од криминалот. Да се остави толкав простор за уништување на доказите не е водење на истрага, туку уништување на истата.

Боки Тредичи не само што кажува дека има зборувано со Заев за изнудата, туку и во материјалите тврди дека тој нема да прави проблеми. Ова е потврда на сомнежите дека Боки 13 не бил сам. Ако веќе станува јасно дека Катица Јанева комуницирала и давала насоки, сега веќе постојат сериозни индиции дека исти вакви насоки на лицето Боки му давал и Зоран Заев.

Не е тешко да се утврди каде патувала торбата Луј Битон полна со милион ипол евра. Преку базните станици лесно може да се утврди движењето на Боки Тредичи и деновите пред да ја земе скапата торба и откако ја зел, само и само доколку постои волја за истото.

Почитувани,

Во живо гледаме уништување на правната држава. Гледаме дека обвиненија биле подигани со цел после тоа да се прават милионски пазари и рекет со нив. Гледаме како врхушката на овој октопод прави се само за да биде спасена. Гледаме дека луѓе како Димитар Димовски, Дејан Митевски и останати за ништо лежат во затвори, а Катица Јанева, Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Кочо Анѓушев и останатите кои се поврзани со криминал уживаат на плажите и лицемерно повикуваат на расчистување на случајот.

Оставки од сите инволвирани во овој рекетарско-политичко-обвинителски октопод и итни и неодложни предвремени парламентарни избори е единственото можно решение, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

 

                    

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања