Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Јанушев: Одговорност мора да има, затоа што Заев го урива угледот на Република Македонија, а не на неговите семејни фирми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
janusev

Одговорност од Зоран Заев мора да има.

Одговорност мора да има и од десетиците неспособни министри и советници со кои се има опкружено затоа што Зоран Заев го урива угледот и позициите на Република Македонија, а не на неговите семејни фирми.

— реклама —

Оправдувањето за скандалозното изнесување на државни тајни, информации од средби на високо ниво и прифаќањето да се исплати поткуп на вселенскиот патријарх покажува колку е всушност неспособен, криминоген и плиток и Заев и тимот околу него, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Доколку Заев бил цел на служби кои работат против западните вредности и НАТО неговото однесување покажува дека тој и владата немаат капацитет да бидат рамноправни партнери во алијансата и во телата и сојузите кон кои се стреми Република Македонија.

— реклама —

Замислете само што би се случило кога некои двајца вешти припадници на некоја терористичка организација би му се обратиле на Заев и би се претставиле како на пример политички аташеа. Заев и неговите советници со капацитетот кои што го немаат би ги издале и позициите и задачите на македонските војници кои учествуваат во мировните мисии како дел од глобалната алијанса.

Затоа неговото оправдување дека не било обична шега со еден неспособен и корумпиран премиер, туку политички мотивиран напад е уште пострашно и посериозно.

Токму затоа одговорност мора да има. Впрочем другите политичари кои биле цел на двајцата комичари само после неколку минути сфаќале дека од другата страна е некој што лажно се претставува. На Заев за тоа му требало цела една година.

Почитувани,

Ова што вчера го видовме и слушнавме е срам и бламажа за Македонија. Еве и да се мотивите политички, цела година премиерот и владата да бидат предмет на обработка е скандалозно. Покажува дека Заев и целата таа група околу него навистина немаат капацитет.

После еден ваков скандал да тврдиш дека никој не е одговорен и да нема оставки е потценување и на граѓаните и на нашите меѓународни партнери.

Прашањето се поставува, кога Заев, неговиот министер за надворешни работи и неговите советници сфатиле дека тој комуницира со измислени карактери? Дали после последниот разговор во април Заев го побарал лажниот Порошенко? Дали ако не беа објавени скандалозните разговори Заев ќе ја продолжеше операцијата за поткуп на вселенскиот патријарх Вартоломеј и дали ќе продолжеше да оддава информации? Зошто не се почитувани дипломатските протоколи и не е известена нашата амбасада па од август минатата година никој не проверил дали Заев разговарал со вистинскиот Порошенко?

Навистина сме загрижени со кого се Заев има разговарано во меѓувреме и какви се доверливи имформации има изнесено. Загрижени сме дека службите ги немаат проверено сите разговори на Заев или пак кријат за пропустите кои ги прави.

Почитувани,

Ова е тежок срам за Македонија во меѓународни рамки. Одговорноста има име и презиме. Тоа е Зоран Заев. Овој човек мора да замине заедно со неспособниот тим околу него. Република Македонија не смее да служи за потсмев. Го повикуваме Зоран Заев да се соочи со последиците од катастрофата што ја предизвика, да си даде оставка, да се формира техничка влада и да одиме на избори, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања