Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Јанушев: Пендаровски ја пушти низ вода на Катица Јанева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев по денешната прес конфренција одговараше на новинарски прашања. Прашањата и одговорите ви ги пренесуваме во целост:

Прашање новинар: Сметате ли дека Заев до сега требаше да и се обрати на јавноста или дознавте дека вчера се вратил од одмор?

— реклама —

Игор Јанушев: Од оние информации кои што јас ги имам веќе неколку дена е тука, не се вратил вчера. Меѓутоа  тотално е небитно дали Заев ќе се обрати или не, бидејќи од минатото искуство со него знаеме што и да каже всушност лаже. Така да и да се обрати очекувам да продолжи во стилот на неговото однесување исто како и до сега.

— реклама —

Прашање, новинар: Меѓународната заедница инсистира на Законот за јавно обвинителство како дел од создавање на една правна држава. До каде се преговорите со оглед на тоа дека владата ве обвинува дека сакате трансформирање на СЈО?

— реклама —

Одговор: Мило ми е што го поставивте прашањето бидејќи исто како и ВМРО-ДПМНЕ и меѓународната заедница инсистира на еден квалитетен закон за Јавно обвинителство. Всушност со она што го понудивме дали како амандмански, дали како измени на текстот на предлогот доставен од влада, дали нашиот текст кој што го подготвивме сме на иста линија со меѓународната заедница, бидејќи исто како и нас и тие инсистираат на доследна недвосмислена, неселективна примена на правото и владеење на правото. Така да освен создавање на алиби никако поинаку не можам да ги протолкувам обидите на СДСМ, Заев и власта во однос на обвинувањата кон нас.

Прашање, новинар: Останувате ли и понатаму да инсистирате на сите нови предмети после јуни 2017 година да не бидат отворани?

Игор Јанушев: Не знам зошто воопшто зборуваме дали некој инсистира за тоа. Ние инсистираме на доследна примена на законот. Ако сте го погледнале законот ќе видите дека после тој датум во јуни 2016 година никој нема право да поднесува обвинение. Не знам и не можам да разберам зошто се уште никој не го покренува прашањето за одговорност, за некој кој преземал дејствија, трошел државни пари значи пари што ние ги плаќаме од даноци знаејќи дека тоа не смее да го прави и се појавувал како неовластен тужител. Некој треба да одговара за тоа. Тоа е како вие вршејќи ја вашата работа да знаете дека нешто не смеете да правите, дека ви е забрането со Устав и закон, а сепак да го правите и притоа да очекувате дека нема да имате никаква одговорност. Тоа е вистинското прашање.

Прашање,новинар: Јавното Обвинителство го искара Претседателот Пендаровски дека во вчерашното обраќање извршил на некој начин притисок со тоа што велел дека се на колективни одмори и повика на одговорност на политичарите. Дали тука сега се префрла некако топката, институциите ја префрлаат топката наместо да се води една квалитетна истрага?

Игор Јанушев:  Јас имав утрово еден ФБ статус во однос на обраќањето на Пендаровски. Веројатно Пендаровски не ги знае своите ингеренции бидејќи во еден дел од неговата изјава кажа дека ги презема сите мерки и активности за да непречено се одвива истрагата. Меѓутоа како претседател на Република Македонија веројатно заедно со неговиот тим не успеале докрај во овие неколку месеци да проверат кои се се надлежностите на претседателот. Од друга страна видовме за неколку работи како се обидува да создава алиби, беше во еден дел во однос на датумот кој што го чекаме во октомври, во друг дел беше т.н. пуштање низ вода на Катица Јанева и во можеби уште неколку други сегменти. Меѓутоа она што имав прилика вчера да го видам повеќе ми изгледаше да се излезе, да се каже нешто, сметајќи дека е попаметно отколку да се молчи понатаму.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања