Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Јанушев: Повеќе од 15.000 граѓани дошле и ги соопштиле своите проблеми кои што се случуваат во секојдневниот живот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
janusevel

Онака како што најавивме пред неколку дена втака и продолжуваме од денес среда 16 ти октомври почнуваме со отворање на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ низ цела Република Македонија, со повик кон граѓаните да дојдат и да си ги искажат своите проблеми. Ние од ВМРО-ДПМНЕ зимаме обврска пред се да понудиме решенија за сите проблеми кои што ги тиштат граѓаните на оваа држава, истакна  Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено како што веќе најавивме секоја среда со почеток од 17 часот ќе може сите заинтересирани граѓани да дојдат во општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ, да поразговараат со актуелните раководства во општинските комитети, да ги кажат проблемите и маките кои што пред се случуваат во секојдневниот живот, а знаеме сите дека ги има се повеќе и повеќе, бидејќи оваа криминално рекетарска власт на Заев единствено што прави е да ја уништува Република Македонија.

— реклама —

            Новинарско прашање: Што покажаа последните посети по градовите во рамките на акцијата за Обнова на Македонија?

— реклама —

Одговор: Знаете дека веќе месец дена сме присутни по градовите низ Република Македонија, планот ние до крајот на годинава да го посетиме секое населено место и токму поради огромниот интерес на граѓаните да си ги кажат своите проблеми да си ја кажат маката решивме и на овој начин да овозможиме во нашите штабови, во нашите Општински комитети да дојдат и да го направат тоа, бидејќи до сега имаме повеќе од 15.000 граѓани кои дошле и ги соопштиле своите проблеми кои што се случуваат во секојдневниот живот.

— реклама —

            Новинарско прашање: Бројни најави и бројни случувања и нови моменти во делот на она што значи ЕУ интеграција на Македонија во Брисел во текот на денешниот ден голем проток на информации, како ги толкувате?

Одговор: Не би сакал да шпекулирам во однос на тоа што точно ќе се случува, се пак она што веќе неколку пати го кажуваме е дека буквално се освен добивање на чист датум за преговори е тотален неуспех и фијаско за владата на Заев и СДСМ. Како македонци како граѓани на Република Македонија се надеваме дека ќе го добиеме посакуваниот датум, затоа што на крајот од денот нема човек во оваа држава кој што нема да биде среќен доколку конечно го отпочнеме процесот на преговори. Но притоа да не заборавиме дека доколку не успееме да го добиеме одговорноста е исклучиво на Заев и СДСМ, бидејќи тие се оние кои што не успееја да ги превземаат и да ги направат потребните реформи бидејќи на крајот од денот Европската унија се темели на вредности и принципи кои што оваа влада не е кадарна да ги исполни.

Фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања