Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Јанушев: Пресудите за 27-ми април се политички и израз на нервоза и тонењето на Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Денешната пресуда за случајот 27-ми април е резултат на политички монтиран процес, и е производ на евидентна неправда.

Политички пресуди од вкупно 211 години затвор, се вика погребување на правото. Се потврди нашето тврдење дека казните ќе бидат драконски, не затоа што се праведни, туку спротивното, затоа што во овој случај се суди според политички мотиви, а не правни факти, истакна на пресс конференција Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Јасно е дека драконските казни се резултат на политички процес во пресрет на изборите. Тоа е последица на нервозата и паниката кај Заев. Треба да знае дека пресудите и прогонот нема да му помогнат, туку само ќе го тонат подолу.

На дело се демонстрираше Кацарска судството и Русковска обвинителството кое за жал се потврди дека се само слуги на Зоран Заев. Не ги интересира ниту правото, ниту правдината. Не ги интересираат ниту доказите, ниту околностите. Ги интересира само спроведувањето на партиско политичките нарачки на Заев.

Ние сме држава во која убијци на малолетни деца како што е случајот со Смилковско езеро се на слобода, а луѓе од 27-ми април се судат за терористи.

— реклама —

Оваа пресуда е нарачана и однапред позната. Како поинаку да се објасни фактот дека против директорот на БЈБ кој учествувал во спречување на натамошна ескалација давале наредби за дејствување се гонат за тероризам, а заменик министерот кој не презема апсолутно ништо нема никаква постапка.

Македонија е држава каде што се гази правдата и владеењето на правото не постои, тоа на секому му е јасно.

— реклама —

Ова се очајни чекори на власта која губи.

Правдата ќе дојде многу скоро, а оваа недемократска власт која се служи со тоталитарни методи и пресметка со опозицијата ќе биде поразена. Нема ниту еден очаен чекор да ја спаси оваа власт. Заев паѓаш. Паѓаш и тоа вртоглаво. Биди сигурен дека правдата ќе дојде и правдата ќе победи.

Тогаш секој еден ќе мора да се соочи со своите постапки, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања