Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Јанушев: СДСМ како политичка партија драматично ја губи поддршката кај граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

jAnusev

 

— реклама —

Новата реалност во Република Македонија е дека граѓаните одбраа правда токму за Македонија. Резултатите од изборите покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ е политичката сила со најголема доверба меѓу граѓаните и дека политиките на власта доживуваат пораз, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

СДСМ како политичка партија драматично ја губи поддршката кај граѓаните, и тоа го потврдуваат бројките и фактите.

— реклама —

Власта, особено СДСМ е делегитимирана. Народот не им верува. Вчерашниот ден исто така потврди и дека меѓу граѓаните владее вистинска апатија поради болната реалност оптоварена со криминал, корупција и сиромаштија. Поради неправда која ја чувствува секој човек. Граѓаните се чувствуваат измамено од страна на власта.

— реклама —

Доживеа пораз системот кој наметнува тортура, прогони, притисоци, системот кој носи безпарица, економска стагнација, системот кој тргува со името, достоинството, и законите. Со овие луѓе нема ниту иднина, ниту напредок.

Одговорот на апатијата е едноставен, масовно гласање во вториот круг на изборите на 5-ти мај, и потврда дека граѓаните се тие кои решаваат. Народот е посилен од секоја власт и народот е свесен дека со гласачко ливче победуваме неправда.

Гордана Сиљановска Давкова е изборот на граѓаните, таа е изборот затоа што е олицетворение на правдата, човек со кредибилитет и свој став.

За нас довербата од граѓаните е обврска, а новата реалност е дека ВМРО- ДПМНЕ, и коалицијата која ВМРО-ДПМНЕ ја направи со народот победи во 47 општини. Фактите говорат дека на минатите локални избори, победивме во само 5, а вчера по нешто повеќе од една година во 47 општини.

Победивме во Скопје, Битола, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, Неготино. Победивме во Босилово, Брвеница, Валандово, Василево, Вевчани.

Победивме во: Виница, Гевгелија, Градско, Дебарца, Демир Капија, Демир Хисар, Зелениково, Зрновци, Илинден, Јегуновце.

Победивме и во Карбинци, Кочани, Кратово, Кривогаштани, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Новаци, Ново Село. Гордана победи и во Охрид, Петровец, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Росоман, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Чешиново - Облешево.

Тука би истакнал неколку работи. Скопјани ја поразија власта, Скопјани ги поразија Заев и Пендаровски заедно.

Огромна победа имавме и во Гази Баба каде разликата е 6.500 гласа во корист на Сиљановска. Во Кисела Вода Сиљановска води пред Пендаровски со разлика од над 4.000 гласа или разлика од над 30%. Победа имаме и во Аеродром, каде разликата е повеќе од 2.000 гласа.

Победивме и во Бутел, со 1.400 гласа разлика. ВМРО-ДПМНЕ има победа и во Ѓорче Петров со над 2.000 гласа разлика или над 30%.

Имаме тесен резултат и во Шуто Оризари каде претходно на минатите избори имавме голема разлика во корист на власта. Исто така намалена е разликата и во Центар и Карпош.

СДСМ за помалку од 2 години изгуби речиси 14.000 гласови во Битола, каде денес имаме водство на Сиљановска во однос на Пендаровски.

Доколку резултатите на овие избори се пресликаат во пратенички мандати, ВМРО-ДПМНЕ е политичката партија која ќе треба да прави ново мнозинство во Собранието и нова Влада.

Првичните анализи покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе освои 53 пратенички мандати, а СДСМ 12 пратенички мандати помалку, или само 41 пратенички мандат, додека Беса и Алијансата и ДУИ по 13 пратенички мандати.

Цврсто веруваме во победа во вториот круг на изборите, затоа што народот се определи. Големиот број на гласови кои ги освои Гордана и ВМРО-ДПМНЕ за нас се огромна обврска да продолжиме понатаму.

Со оглед на тоа дека власта на СДСМ оствари слаби резултати, апелирам да се задржи демократскиот амбиент и да не се продолжува со методи на притисок и заплашувања. Тоа ќе биде контрапродуктивно бидејќи народот веќе го испорача своето, кажа дека е за промени, македонската пролет доаѓа.

Ги повикувам сите граѓани, апсолутно сите граѓани да ја искористат можноста за конечна победа на правдата, над неправдата. ВМРО-ДПМНЕ е за принципи, вредности и честитост.

Да се обединиме во заложбите за правда во Македонија и за Македонија, правдата е и зачуваното достоинство, подобриот стандард, подоброто здравство, приносното земјоделие, нови фабрики, сигурност и иднина која е загарантирана.

Затоа ајде заеднички да испишеме историја, да победат граѓаните наспроти целата власт, и неправдите, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања