Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Јанушев: Заев и Рашковски се летнати во облаци - Зајдоа во криминал и корупција па уште хелихоптери им фалат.

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
janusev-za-helikopteri

Зоран Заев и Драги Рашковски се летнати во облаци. Зајдоа во криминал и корупција па уште хелихоптери им фалат.

Срамно и жално. Нема поблаг израз за да се опише односот на Заев и Рашковски кон медиумите, граѓаните и сопствената држава.

Ги лажат и новинарите и јавноста дека фирмата стара 24 дена пред да биде распишан тендерот всушност конкурирала за монополскиот бизнис за да нема никаков ќар, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Ако ова не е потценување и понижување и на медиумите и на граѓаните, тогаш навистина не знаеме што е. Има ли бизнис што го почнале Вице Заев или Трајче Заев, а знаеле дека во него нема профит ? Ете во тоа не убедуваше вчера Рашковски. Дека било нормално фирма да влезе во бизнис, без да има добивка. Доколку државата нема никаков трошок, а фирмата сама треба да се грижи за покривање на трошоците, зошто тогаш на фирмата би и требало јавно приватно партнерство, а не би стартувала сама?

Почитувани,

— реклама —

Да не се лажеме, Заев и Рашковски се кријат. Ги кријат фактите мислејќи дека јавноста ќе престане да прашува каде ќе завршат 72 милиони евра. Да не беше се како во бајките на Заев и Рашковски и приватниот партнер да сакаше без профит да помага, немаше да држат брифинг без камери, туку ќе излезеа на прес конференција и ќе ги кажеа деталите од договорот.

На Заев не може да му се верува ниту кога ќе каже „жими бизнисот со марихуаната“.

Затоа бараме одговори.

Како партнерот ќе наплаќа 9 милиони евра годишно или 72 милиони за 8 години?

— реклама —

Дали и колкав дел од патарини ќе се издвојуваат за овој проект?

Дали споменувањето на зелениот картон од страна на Рашковски, значи дека и тој е во игра за наплата?

Кои се другите иновативни методи за наплата на 9 милиони евра?

Дали имаат согласност од ТАВ која е потребна согласно концесискиот договор за наметнување на дополнителни давачки т.е надоместок од патник во заминување?

Дали и колку средства од буџетот на М-НАВ ќе се пренаменат за овој проект и дали ја испитале законската можност за вакво сценарио со оглед на можните проблеми на ЕУРОКОНТРОЛ?

— реклама —

Со оглед на тоа што многу мал дел граѓани имаат приватно осигурување дали интервенциите на ова служба за македонските осигуреници ќе се наплаќаат од Фондот за здравствено осигурување?

Дали во договорот е предвидена цена по час / километри за ангажман на ваква служба?

Дали и колкав процент од средствата кои се влеваат во буџетот по основ на туризам ќе се префрлаат на приватниот партнер?

На крајот на краиштата зошто ако е се чисто и бесплатно не се даде на увид студијата и договорот пред да се потпише?

— реклама —

Почитувани,

Јасно е дека ќе отидат во нечиј џеб овие 72 милиони евра. Затоа Заев не убедува дека тоа немало да бидат од буџетот, но најверојатно ќе бидат од патарини или авионски карти. Значи не по врат, по шија.

Повторно ве предупредуваме. Немојте во заминување да мислите дека се ви е дозволено и може да крадете. Одговорност ќе има и за вас и за сите кои ги принудувате да учествуваат во штетни договори. Веќе постојат две издвоени мислења во однос на сомнителната постапка. Декласифицирајте ги податоците и објавете го договорот, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања