Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Јанушев: Заев и СДСМ на криминален начин носат закони во Собрание

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
janusev-1

Продолжуваме со посетите, денес овде во Кочанско ги посетивме населените места Горни и Долни Подлог, сега се наоѓаме во Оризари. Разговараме со луѓето и морам да ја пренесам горчината пред се во однос на последните случувања коишто ги имавме во Собранието на Република Македонија, оваа криминално-рекетарска банда предводена од Заев и СДСМ продолжува со еден крајно криминален, со еден крајно нечесен начин, со насилнички начин на донесување на законите во Собранието, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Но, народот тоа го гледа и им ја праќа пораката дека гледа по своето, доаѓа по своето на 12-ти април, кога ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија ќе издвојува убедлива победа. И тоа не е затоа што ВМРО-ДПМНЕ тоа го порачува, тоа е затоа што граѓаните го гледаат ова, што се случува во државата, граѓаните знаат да го проценат тоа и граѓаните ќе ја дадат довербата на нас.

Граѓаните ќе ја дадат довербата затоа што во нашата програма ветуваме реални работи, ветуваме зголемување на пензиите за 20 отсто, ветуваме зголемување на платите за 25 проценти, но и намалување на невработеноста под 10 %.

— реклама —

Во Македонија доаѓа обновата, 12-ти април е денот кога народот доаѓа по своето, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

фото и видео: ВМРо ДПМНЕ

 

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања