Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Јапонец со нож уби две лица и повреди 17, најголем број од повредените ученици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
tokio-napad

Едно девојче и еден возрасен човек, најверојатно татко на девојчето, биле убиени во денешниот напад со нож врз група деца кои чекале автобус во градот Кавасаки, јужно од Токио, соопштија локалните власти. Притоа најмалку 17 други биле повредени.Најголем број од повредените се ученички во основно образование кои оделе во католичко училиште.

— реклама —

Според извештаите на локалните медиуми, меѓу најтешко повредените се една жена во 40-ите години и три шестгодишни девојченца, „кои здобиле повреди на главата и вратот“, изјавил Такехито Отсубо, заменик директор во болницата во кои се згрижени жртвите во нападот.

— реклама —

Според најновите сознанија од истрагата, се чини дека напаѓачот, кој бил на возраст меѓу 40 и 50 години, прво влегол во автобус кој ги превезувал ученичките, а пота ги нападнал и луѓето кои биле на автобуската станица, Полициајта во блискиот парк пронашла два ножа.

— реклама —

Сочувство со жртвите и нивните семејства, како и со целиот јапонски народ, веднаш изрази и американскиот претседател Доналд Трамп, кој во вторникот ја заврши четиридневната работна посета на Јапонија.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања