Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Јаревски: ДКСК да спроведе транспарентна постапка, кај Рамчиловиќ има судир на интереси и тргување со влијание

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zekir-ramcilovic-1

ДКСК да спроведе транспарентна постапка, кај Рамчиловиќ има судир на интереси и тргување со влијание, вели Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

"Откако Рамчиловиќ стана пратеник на СДСМ и гласаше за промена на името и за бугаризација во собранието работа во МВР добија неговата сопруга и неговиот син.

— реклама —

Симптоматично е како во рок од три години откако Рамчиловиќ стана дел од блокот на СДСМ кој ги поддржува анационалните политики во собранието, два члена од неговото семејство добиваат работа во МВР.

— реклама —

Ја повикуваме ДКСК не само да отвори постапка, туку истата да биде целосно транспарентна за јавноста да може да има увид. Особено што Рамчиловиќ и двете вработувања ги добил откако ја сменил политичка страна.

Очигледна е нишката на пазарење и мора да се утврди дали влијанието на Рамчиловиќ одлучувало за приемот на неговата сопруга на работа во МВР, но и потоа дали тој како пратеник повторно, но сега и неговата сопруга како висок функционер во МВР влијаеле за вработување на неговиот син како полицаец.

— реклама —

Дополнително ги повикуваме ДКСК истрагата да биде навремена, без да се чека случајот да се заборави од јавноста" додава тој.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања