Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Јаревски: СДС и ДУИ не доведоа во ќорсокак, ВМРО-ДПМНЕ нуди предлози за излез без Македонија да трпи штета во преговорите со ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Jarevski-17.06

Во оваа ситуација на ќорсокак не донесоа СДС и ДУИ. Кога течеа преговорите ние од ВМРО-ДПМНЕ понудивме да учествуваме во процесот со наши предлози, тие одбија и сега кога има проблем ние треба да ги вадиме од оваа ситуација, изјави за „Стадион“ на радио Канал 77, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски.

— реклама —

Јаревски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДС, ги стави државните интереси пред се и нуди предлози во интерес на македонскиот народ, идентитет и обележја.

- Дадовме два предлози, уставни измени со одложено дејство, а другиот се базира на гаранции од Европскиот совет, социоекономски пакет и прифаќање и имплементација на пресудите од Судот во Стразбур од страна на Бугарија. Факт дека доколку се прифати било кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија ќе има подобра позиција, рече Јаревски.

— реклама —

Јаревски истакна дека над 70% од граѓаните се против ваквите услови како во моментов, затоа што постои ризик од загрозување на македонскиот идентитет и дека тоа го потврди и Јотова потпретседателката на Бугарија која кажа дека уставните измени се само почеток, па следуваат историјата учебниците.

— реклама —

- ВМРО-ДПМНЕ секогаш стоел и ќе остане на браникот за заштита на националните интереси. Понудивме два предлога за излез од ќорсокакот, а Македонија да не трпи штета, ниту македонскиот народ да не трпи штета, рече Јаревски.

Јаревски нагласи дека се ова од СДС го знаат, но наместо да кажат кој предлог го прифаќаат оттаму има само шпекулации и посочи дека затоа Ковачевски треба да прифати тв дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

— реклама —

- СДС го знаат тоа и не знам зошто имаат хаотичен и шпекулативен настап по лидерската средба. ВМРО-ДПМНЕ нема поместување од почетните ставови. Седум дена СДС вадат реченици од контекст и упорно се обидуваат да прикажат извртена реалност Ковачевски нека прифати дуел пред цела јавност, па да видиме кој ја зборува вистината, изјави Јаревски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања