„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Јаревски: ВМРО-ДПМНЕ ќе биде против секој нов ДУП со кој се планира градба на нови загради во Карпош пред да биде извршена ревизија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
toni15112020

СДСМ во петокот на седница на Советот си изгласа Детален урбанистички план во Карпош 3. Ист таков план за кој што претходно правеше протести сцени и театри. Ние како опозиција планот не го поддржавме, бевме воздржани бидејќи сметаме дека тој ДУП воопшто не требаше ни да биде на дневен ред на седницата, истакна Тони Јаревски од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Јаревски додаде:

Чекавме ДУП за ова место овде, бидејќи пред само неколку месеци, на парламентарните избори крајно нечесно спрема граѓаните ги лажеа дека го ревидирале планот и ги избришале маркиците предвидени за згради. Дури делеа и флаери со фамозниот нов План. Сега Градоначалникот вели дека планот ЌЕ биде донесен, имало време, планерите го имале во опфат цело Влае. Планот, сеуште го нема во постапка за усвојување.

— реклама —

За иста идентична работа, за исто прашање, тука не можело а во Карпош 3 морала да се спроведе така.

Зошто планот во Карпош3 е поважен и побитен од овој во Влае?

Тука велат некогаш ЌЕ бришеме маркици за згради, а всушност таму си носат планови со маркици за градба на НОВИ згради.

Едно зборат и ветуваат пред избори, сосема друго прават и спроведуваат по изборите. Крајно нечесно и лицемерно.

Би сакал да ја искористам и оваа прилика и повторно да се обратам и до советниците од СДСМ и да ги замолам, да се потсетат каков став имаа и колку гласни беа за истиот тој блок во Карпош 3. Да се потсетат како гласаа тогаш, како гласаат сега.

Да ги потсетам и СДСМ дека ветуваа ревизија на плановите!.

СДСМ нека престане со сеење магла како било претходно, во ‘60та или во 903та и нека ги спроведат ревизиите што ги ветуваа.

Затоа, додека не се спроведат ветените ревизии, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде ПРОТИВ, за секој нов предлог план во кој ќе има вцртано макар и една нова зграда, истакна Јаревски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања