Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев сподели фотографија објавена од „Трета опција“. На неа се вицепремиерот Бојан Маричиќ и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.
За фотографијата има и толкување и пишува: „Јас кога гледам како мајка ми спрема боранија за ручек“.
Реакцијата е само дел од многуте, а по повод воведување на повисок данок за производи, кои Владата ги нарече „луксузни“. Меѓу нив се и основни намирници.
„За чесните стана луксуз да живеат во Македонија“ - лавина реакции откако лутеницата стана кавијар
Негативни коментари и досетки. Вакви од прилика се реакциите за воведувањето на повисок данок на како што вели Владата, луксузни производи, но и на оние кои за нив не се здрави за конзумирање. Не стивнува незадоволството, поради поскапувањето кое се очекува.Урдата доби статус на кавијар, исто како и растителните сирења, млечните намази, павлаката за готвење и мајонезот. Замрзнати теста, брашно, сирење, зденка, кашкавалот од типот гауда и ајдамер… сладолед, чипс, мастики… феферони, лутеница, цвек
Коментари | пред 2 години