Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Јасно е дека СДСМ нема пратеници за уставни измени, а Ковачевски бега од избори како ѓавол од темјан, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kovacevski-sobranie

СДСМ и Ковачевски немаат доволно пратеници за уставни измени и затоа не сакаат да ја постават на дневен ред во Собранието точката за отпочнување на процесот. Тоа е веќе јасно. Свесни се дека ако се постави и одбие, тогаш следниот чекор се предвремени парламентарни избори, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„А СДСМ и Ковачевски бегаат од избори и соочување со народот како ѓавол од темјан. Рејтингот на Ковачевски е во рамки на статистичка грешка, а рејтингот на СДСМ е во слободен пат и тие тоа го знаат.

— реклама —

Затоа СДСМ и Ковачевски бегаат и се кријат, манипулирајќи и одложувајќи ги процесите само за да добијат некој ден повеќе на власт.

— реклама —

Е тој ден повеќе на власт го користат за криминални тендери, коруптивни зделки, лично богатење и грабеж на народните пари. Оваа власт нема никакви европски вредности, ниту пак принципи, туку се поврзани само со лични криминогени интереси.

— реклама —

Оваа мала група криминалци ја држи во заложништво и СДСМ и Владата, но за жал ја држи во заложништво Македонија. Во интерес на државата е што поскоро на предвремени избори овие луѓе да бидат поразени и тргнати од политичката сцена. Тие може ќе бегаат, ќе се кријат, ќе манипулираат, ќе оддолжуваат, но народната казна ќе ги стаса“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања