Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Јаулески: Две години како СДСМ е на власт, состојбата во студентските домови е катастрофална

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
jauleski-domovi

Две години како СДСМ е на власт, состојбата во студентските домови е катастрофална. Нема инвестиции, нема проекти, ништо од ветеното не е остварено. Наместо подобри услови директорот на Државниот студентски центар- Скопје ветува дека ќе ги разеленува студентските домови. Господине Николовски на студентите поголем приоритет им е да ги опремите со мебел блоковите В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“ за да можат да се вселат 600 студенти, кои наместо во студентски цела година беа сместени приватно и плаќаа високи кирии. Две години двата реконструирани блока не можат да бидат пуштени во употреба затоа што на Николовски поважно очигледно му е нешто друго, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Две години пристапите кон студенткиот дом Гоце Делчев се калливи и полни со ѓубре, студентите незнаат дали се наоѓаат во студентски дом или во Дрисла.

— реклама —

Состојбата е лоша и во другите студентски домови, во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ топлата вода за туширање се исклучува после 20 часот, што е период во кој студентите се враќаат во домовите и не можат да се истушираат, затоа што на некој му текнало да ја исклучи водата.

— реклама —

Додека најавуваат ново модерно мени, оброците се полни и зачинети со лебарки.

— реклама —

Господине Заев, Дарко Каевски и Ивана Туфегчиќ дали знаете во какви субхумани услови живеат студентите. Ветувавте многу, а не направивте ништо. Ги разочаравте студентите.

Дали за да се подобри храната е потребно да поминат уште две години?

Дали за топла вода е потребно уште две години? Колку време е потребно за да се поправи лифт во студентски дом?

До каде е изградбата на студентскиот град на местото на „Стив Наумов“, кој требаше да има библитеки, читални, ресторани и фитнес центри ? Ништо од тоа што ветивте не остваривте.

Казната од младите доаѓа. СДСМ никогаш повеќе, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања