Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Јаулески: Македонија е држава во која секој млад човек гледа да го заврши своето образование и да замине во странство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Македонија е држава со младинска невработеност од над 50%, држава во која ниту еден универзитет не е на Шангајската листа меѓу топ 1000 универзитети во светот, држава каде студентите чекаат да бидат сместени во студентски домови 10 дена по почетокот на студентската година, во домови во кои се служи ниско калорична храна полна со бубачки и пикавци, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Македонија е држава во која младината беше излажана од Зоран Заев.

— реклама —

Македонија е држава во која секој млад човек гледа да го заврши своето образование и да замине во странство. Држава во која три години се случува егзодус врз младиот човек.

— реклама —

Време е да ставиме крај на лошите политики. Време е да ставиме крај на СДСМ и катастрофата која им се случува на младите.

— реклама —

УМС на ВМРО-ДПМНЕ водена од идејата за поголема младинска вклученост во општеството и политичките текови во државата, распишува оглас за пријавување на членови за телото ТИМ МЛАДИ, тело кое активно ќе учествува како во креирањето и дооформувањето на програмата на ВМРО-ДПМНЕ во делот на младите, така и во претстојната кампања на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните парламентарни избори.

Ги поттикнуваме сите млади кои се во последната година на студии, дипломци, постдипломци и докторанти со просек од над 8.5, а немаат навршено над 29 години да се пријават на огласот и да дадат свој придонес во активното градење на Македонија во периодот што следи. Огласот е отворен од денес и ќе трае во наредните 15 дена. Време е за младиот, образован и напред млад човек да му се даде можност да се вклучи во градењето на Македонија.

Да креираме проекти од младите за младите. Да создадеме општество во кое секој млад човек ќе сака да остане, работи и да основа семејство. Македонија може. Потребна е обнова. Обновата доаѓа. Вклучи се, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања