Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Јаулески: Над 4.000 студенти нема кај да се сместат, власта доцни со сместувањето и за тоа некој треба да сноси одговорност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Jauleski-02-09-2019-mediumi

Денеска официјално требаше да почне вселувањето на студентите во студентските домови на територија на Град Скопје. Како што гледате не само што вселувањето не е почнато, туку МОН и Студентскиот центар се уште ги немаат објавени списоците за примени студенти.  МОН и Студентски центар, иако со конкурс сами се обврзаа дека списокот на примени студенти ќе биде објавен на 30 август, тоа го немаат направено. И три дена потоа ни трага, ни глас, истакна  Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно Дарио Николовски беше презафатен со вработувањето на брат му во МВР, за што побрза да објави и слики на социјалните мрежи, а студентите ги стави во втор план.

— реклама —

Драги студенти

— реклама —

Брат му на Дарио важно е вработен во МВР и ќе зема плата од  македонските даночни обврзници, од вас и од вашите родители, а за тоа што вие нема кај да спиете во екот на септемвриската испитна сесија за власта очигледно и не е толку важно.

— реклама —

Над 4.000 студенти нема кај да се сместат и останаа на улица. Власта доцни со сместувањето и за тоа некој треба да сноси одговорност. Особено што ваквиот случај со СДСМ стана пракса. Со списоците се доцнеше и лани.

Власта е неспособна да изврши најобично сместување на студентите.

Дали со ова се потврдуваат сомнежите на студентите дека со доцнењето на списоците всушност се чекаат партиските списоци за тоа кој треба да биде примен, а кој не?

МОН и Студентски центар мора најитно да одговорат. Кога ќе им биде обезбедено легло на студентите за да не мора во текот на септемвриската сесија да патуваат секојдневно од своите краишта!?

Време е да преземете одговорност за вашата неспособност! Одговорност мора да има, истакна  Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања