Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Јаулески: Во јавната администрација се вработуваат децата на пратениците, министрите, партиските шерифи, но не и децата на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
jauleski

Се наоѓаме пред Министерството за надворешни работи, зграда во која е сместен министерот Никола Димитров, министерство и политичар кои се главни виновници за трајното иселување на двајца врвни млади експерти, кои со извонредниот просек и образование завршено во странство не се доволно квалификувани во однос на синовите, ќерките, внуките и љубовниците на партиските полтрони, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

За Никола Димитров компетентни се лица со завршен факултет, а магистри и доктори на науки не се. Тие очигледно се преквалификувани. Па за нив нема место во државна служба.

Владата на Зоран Заев и додели стипендија на ќерката на Никола Димитров за да студира во странство. Ќерката на хрватската претседателка може да студира на сопствен трошок, но ќерката на Димитров мора на наш.

— реклама —

Министерството со кое министерува нејзиниот татко одби двајца млади високообразовани кадри, кои сами магистрирале и докторирале во  развиените земји. Примери со високообразовани млади луѓе кои ја напуштаат државата поради непотизмот и партизацијата е се поголем. Последните два примери се само капка во океанот на разочарани млади.

Кој им е виновен на иселените млади, што не се деца на Димитров или Заев. Во Македонија под власт на СДСМ има место само за децата на функционерите.

— реклама —

Зоран Заев и додели 40.000 евра на Јана Димитрова, ќерка на Никола Димитров, а не може да одвои ниту една просечна плата за млади и образовани кадри, кои своето образование го стекнале во странство, а се вратиле во Македонија и сакаат да ги стават своите капацитети во служба на државата.

Ова ли е достапноста на секое работно место за секој - НЕ! Ова е партизираност од невидени размери. Во јавните институции нема место за образовани и способни млади луѓе, тие ја напуштаат државата и не се враќаат.

Во јавната администрација се вработуваат децата на пратениците, министрите, партиските шерифи, но не и децата на граѓаните кои не се дел од елитата на власта.

— реклама —

Младите разочарани во се поголеми бројки си заминуваат од државата. Наместо враќање на иселените, тие го зголемија иселувањето. Заев, Димитров и целата влада треба да си заминат. Младите заслужуваат подобро, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања