Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Јаулески:Студентите и професорите се соочуваат со неефикасен Закон за високо образование и со нефункционално студентско организирање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Jovan-Jauleski

Првиот академски час за студентите и професорите започна со многу проблеми.Студентите и професорите се соочуваат со неефикасен Закон за високо образование и со нефункционално студентско организирање. Една година откако власта го изгласа Законот за високо образование, тој е само празно слово на хартија. Студентите не можат да делегираат свои претставници во телата на факултетите и универизтетите, студентското организирање е буквално уништено, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Претставниците од власта кои навидум декларативно се бореа за посилна студентска организација ја угушија и онаа која што постоеше и се сместија во удобните владините фотелји.

— реклама —

Студентите и оваа година немаат подобри услови за студирање, нема повисоки стипендии, нема подобри услови во студентските домови, а за изградба на ветениот студентски град  не станува ниту збор.

Не работи ниту Одборот за акредитација и евалуација, кој треба да го мери квалитетот на образованието.Затоа нашите универзитети и образованието тонат.

— реклама —

И додека образованието се соочува со еден тон проблеми, власта наместо да се насочи кон развој на истото со ребалансот на буџетот кратеше средства од ставката за образование.

— реклама —

Власта која нанесе огромна штета врз образованието наскоро ќе си замине.Доаѓа време за обнова на Македонија.

Нека им е среќен и успешен почетокот на студентската година на сите студенти и професори.Секогаш да се борат за подобро и поквалитетно високо образование. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде нивен сојузник, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања