Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Јаулески:Владата нема одвоено ни денар за студентските домови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Се наоѓаме пред СД Стив Наумов, место на кое според СДСМ уште пред година ипол требаше да почне со градба студентски град. Наместо тоа, ситуацијата во домот е полоша од кога било, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Овие слики се сликани во текот на вчерашниот ден, од кои се гледа нешто што треба да биде тоалет. Ова не е тоалет, ова е руина. Почитувани родители, во вакви тоалети одат вашите деца кои живеат во Стив Наумов.

— реклама —

Откако е сменета власта, веќе две години, владата нема одвоено ни денар за СД Стив Наумов, а ниту за другите студентски домови.

— реклама —

Проблемот со руинираните тоалети, е само капак на проблемите кои се таложат две години. Имено студентите во текот на зимата овде немаа топла вода во купатилата, додека храната веќе со месецот е слаба и не ја задоволува калоричната вредност која треба да ја внесува еден млад човек.

Ова се слики од храната, сликана од студенти, а објавени на медиумите, од кои се гледа отпушоци и инсекти во истата.

 

Ова не е страшно. Ова е алармантно. Власта две години со прст нема мрднато за младите. Пред иста ваква табла, Стефан Богоев и Дарко Каевски пред две години промовираа како ќе изгледа студентски град, и ги најавуваа инвестициите на студентските домови. Две години потоа, Богоев е градоначалник, а Каевски директор, додека од студентскиот град нема ништо, не е ниту на повидок.

Заев ги излажа и злоупотреби младите. Време е за одговорност. Време повеќе нема. Младите сакаат иднина, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

https://mail.google.com/mail/u/0/#inbox/FMfcgxwCgVcWDtHHPzvKNwdTVGJZpnfg?projector=1

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања