Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Јавен повик за работа на доктори во примарна здравствена заштита во здравствен дом

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
1-1-1

Министерството за здравство ги повикува заинтересираните доктори на медицина со лиценца за работа во примарна здравствена заштита да се пријават на јавниот повик и да достават писмо за интерес до Министерството за здравство, најдоцна до 15.06.2019 година, со цел да се обезбеди можност за работа во траење од шест месеци.

Согласно член 8 од Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 20/19) докторите на медицина со лиценца за работа треба да поминат на работа шест месеци во примарна здравствена заштита во здравствен дом, како еден од условите за запишување на специјализација.

— реклама —

Овој услов е задолжителен за сите здравствени работници со високо образование од областа на медицината – доктори на медицина кои со лиценца за работа се стекнале или ќе се стекнат по 22 мај 2019 година согласно Законот за дополнување на Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија” бр. 101/19). Заинтересираните доктори на медицина треба да имаат завршена пробна работа, положен стручен испит и лиценца за работа.

— реклама —

Работата во траење од шест месеци ќе се спроведува во јавните здравствени установи – здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности и на примарна здравствена заштита, во дејностите на итна медицинска помош и домашно лекување, превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа.

— реклама —

Со стекнување искуство и со добивање шанса за работа ќе добијат дополнителен стимул за професионална надградба во својата кариера. Со овие мерки, веруваме дека ќе ги задржиме нашите лекари да работат во јавното здравство, а не да заминуваат надвор од земјата. Посветено работиме да креираме фер општество за сите млади луѓе.

За пријавување на јавниот повик потребно е да се достави писмо за интерес, во кое е задолжително да се наведат: име и презиме, адреса на живеење, контакт-телефон и адреса на електронска пошта (мејл-адреса), копија од лиценцата за работа и да ја наведат јавната здравствена установа за која изразуваат интерес според местото на живеење на заинтересираниот кандидат.

Пријавата, заедно со документацијата потребно е да се достават во Министерството за здравство, ул. „50-та Дивизија“ бр.14, 1000 Скопје, најдоцна до 15 јуни 2019 година, со назнака: ЈАВЕН ПОВИК за изразување интерес за работа во примарна здравствена заштита во здравствен дом.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања