Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Јавниот обвинител Јовески се сретна со претседателот на Европравда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Ljubomir-Joveski-696x464

— реклама —

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска оствари средба со претседателот на Европравда Ладислав Хамран. На средбата присуствуваа и јавни обвинители од ЈОРСМ , како и јавниот обвинител за врска на Република Северна Македонија во Европравда Ленче Ристоска.

— реклама —

На средбата со Хамран, кој воедно е национален член на Република Словачка во Европравда, беше истакната досегашната соработка на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија со оваа европска институција, особено статистичките показатели и можностите што беа отворени со назначување на јавниот обвинител за врска.

Јавниот обвинител Јовески ја презентираше структурата, условите за работа и предизвиците со кои се соочува Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Притоа, Јовески и Хамран заеднички ја нагласија важноста на меѓународната соработка во сузбивањето на сериозниот и прекуграничниот криминалитет.​

...

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања