Промени тема
Контакт

Јавниот превоз изгубил 5 проценти од патниците во првиот квартал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
jsp-avtobus

Во првиот квартал од 2026 година во патничкиот патен превоз во Македонија биле превезени 9,348 милиони патници, што е за 5 проценти помалку во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Падот најмногу е забележан во градскиот и приградскиот превоз. Според статистиката, бројот на патници во градскиот превоз е намален за 4,7 проценти, а во приградскиот за 8,8 проценти.

Од друга страна, меѓуградскиот превоз бележи раст од 9,2 проценти, додека меѓународниот превоз е зголемен за 1,3 проценти.

— реклама —

Податоците укажуваат дека граѓаните сè помалку го користат јавниот превоз за секојдневни кратки релации, додека интересот за патување меѓу градовите расте.

— реклама —

Во првите три месеци од годинава биле реализирани вкупно 248,568 милиони патнички километри, што претставува благ раст од 0,3 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Кај патничките километри, пад е регистриран во градскиот превоз за 1,8 проценти, во приградскиот за 8 проценти и во меѓународниот за 0,4 проценти. Раст има само во меѓуградскиот превоз, каде што патничките километри се зголемени за 7,7 проценти.

— реклама —

Овие бројки, според анализите, отвораат прашања за квалитетот, достапноста и довербата во јавниот превоз, особено во урбаните средини, каде што граѓаните сè почесто бараат алтернативни начини на движење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

kaja-sukova

Каја Шукова: Време е јавниот превоз во Скопје да стане решение, а не проблем

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања