Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Јавните обвинители со предупредување до Уставниот суд: Во прашање е самостојноста на Обвинителството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-40-1670PM

Јавните обвинители реагираат на расправата во Уставниот суд за измените на Законот за платите, предупредувајќи дека тие може да ја загрозат уставно гарантираната самостојност на Јавното обвинителство. Загрижува и поделеното гласање на судиите, со што, според нив, се доведува во прашање посебниот уставен статус на институцијата. Тие нагласуваат дека обвинителството мора да е независно, особено кога гони носители на функции, и дека директно влијание од извршната власт преку платите може да се прошири и на други сегменти. Се повикуваат на меѓународни стандарди за соодветен надомест и најавуваат обраќање до меѓународни организации ако Судот не ја заштити самостојноста.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Јавните обвинители реагираа по вчерашната расправа во Уставниот суд, предупредувајќи дека одлуката околу Законот за изменување на Законот за платите на јавните обвинители може сериозно да ја загрози уставно гарантираната самостојност на Јавното обвинителство.

Во реакцијата се наведува дека поделеното гласање на уставните судии, кои не успеале да заземат став дали да се поведе постапка за оценување на законските измени, предизвикува сериозна загриженост кај обвинителите, но и во пошироката јавност. Според нив, на тој начин за првпат се доведува во прашање позицијата на Јавното обвинителство како институција со посебен уставен статус.

Обвинителите потсетуваат дека Уставот го дефинира Јавното обвинителство како самостоен државен орган чија задача е независно кривично гонење, вклучително и во случаи кога предмет на постапка можат да бидат носители на функции од другите власти.

Според нив, принципот на самостојност произлегува од потребата за независност на обвинителската функција и затоа е несфатливо, како што наведуваат, дел од уставните судии да сметаат дека таа независност не е составен дел од институцијата. Во реакцијата се нагласува дека постојат законски и институционални механизми што ја гарантираат автономијата на обвинителите, меѓу кои и Советот на јавни обвинители.

Јавните обвинители предупредуваат дека дозволување директно влијание од извршната власт врз обвинителството, преку измените на Законот за платите, може да се прошири и на други сегменти од неговото функционирање и да доведе до нарушување на позицијата на институцијата во системот на поделба на власта.

Во реакцијата се повикуваат и на меѓународните стандарди. Во прирачникот на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал се наведува дека јавните обвинители треба да имаат соодветни услови за работа и надоместок кој ја одразува важноста на нивната функција, а нивните плати не треба произволно да се намалуваат.

Слични принципи се содржани и во мислењата на Консултативниот совет на европските јавни обвинители и во препораките на Венецијанската комисија, каде се нагласува дека соодветниот надомест е важен за ефикасен и праведен систем на кривична правда и за намалување на ризикот од корупција.

Обвинителите предупредуваат дека доколку Уставниот суд не ја заштити институционалната самостојност на обвинителството, ќе бидат принудени да реагираат и пред релевантните меѓународни организации поради, како што наведуваат, нарушување на демократските стандарди и принципот на поделба на власта.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysipimrtq1ei5f99Qylw

Обвинителите реагираат оти пратениците им ги чепкаат платите: Ова е спротивно на Устав и спротивно на закон

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања