„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

Јавноста ги стресе судиите кои го ослободија Мијалков, тие излегоа со дообјаснување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Mijalkov-sud

Петорицата судии од скопска Апелација по бурните реакции, излегоа во јавноста со дообјаснување зошто донесоа решение да ја укинат пресудата за „Таргет-тврдина“, а со тоа донесоа слобода за Сашо Мијалков. Нивната одлука, која значи и застарување на предметот, ја правдаат поради тоа што изречената пресуда била неусогласена со писмено изготвениот примерок. За нив, пресудата е нејасна, неразбирлива и неподобна.

— реклама —

„Внимајќи по службена должност советот на Апелациониот суд Скопје утврди дека постои неусогласеност меѓу изречената пресуда и она што е наведено во нејзиниот писмено изготвен примерок, односно во изворникот на пресудата нема опис на противправните дејствија за секој од обвинетите. Ова особено што писмено изработената пресуда мора во целост да одговора на изреката што е внесена во записникот и затоа објавувањето на пресудата треба да биде јасно и прецизно односно јавно објавената изрека од пресудата треба да ги содржи сите потребни елементи од член 408 од ЗКП. Ваквата суштествена повреда е од апсолутен каратер и ја прави пресудата нејасна, неразбирлива и неподобна за понатамошно испитување“, велат од Апелција.

— реклама —

Судиите Јани Нича, Енвер Беџети, Ѓоко Ристов, Тања Милева, Лидија Чачева, кои стојат зад одлуката, посочуваат дека биле свесни и за роковите, кои ќе донесат застареност на предметот.

— реклама —

„Иако судот по службена должност внимава на роковите за застареност на кривичното гонење, со оглед на причините поради кои е донесена одлуката, не се впушти во мериторно одлучување по однос на застаресност на дел од кривичните дела, која всушност и не настапила пред овој суд“, додаваат оттаму.

За нив, фактите и доказите, не соодејствувале едни со други.

„Воедно, фактите кои што ги земал за утврдени првостепениот суд, а по однос на дејствијата на извршување на обвинетите, не соодветствуваат со доказите изведени на главната расправа пред првостепениот суд, по однос на наодите и мислењета на вештите лица на Јавниот обвинител и одбраната, како во делот на дејствијата по однос на следењето на комуникациите, така и по однос на вредноста на уништената опрема“, велат од Апелација.

Со потпишувањето на одлуката за укинување на пресудата за масовното прислушкување, апелациските судии потпишаа и застарување на делата за ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, ексначалникот на Петтата управа на МВР Горан Грујевски и за Никола Бошкоски. На сите обвинети делата им застаруваат во 2025 година, односно за нешто повеќе од две години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања