Јавноста откри тајна хациенда на министерката за одбрана, нека ја донира во хуманитарни цели, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
slavjanka-petrovska-zamenik-ministerka-mvr

Народот додека едвај врзува крај со крај, функционерите на власта кријат луксузни имоти, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Додека поголемиот број од пензиите не се ниту 1/3 од потрошувачката кошничка, додека две минимални плати не се доволни за да се прехрани едно семејство, Славјанка Петровска крие луксузен имот.

— реклама —

Имено, министерката Петровска во својот Анкетен лист до ДКСК пријавила само долгови, два кредити и една кредитна картичка, но не и луксузна хациенда во Радишани.

— реклама —

Имотот на Петровска е евидентиран и во Агенцијата за Катастар на недвижности, прибележан во евидентен лист во катастарската општина Радишани и се наоѓа на улица „Радишанска“.

Жителите од тој дел на улица „Радишанска“ според избирачкиот список гласаат во избирачкото место 2948/1 кое се наоѓа во ОУ „Ацо Шопов“. Тоа е избирачкото место каде гласа и министерката Петровска. Адресата на луксузната хациенда на Славјанка Петровска е и адреса на живеење која истата ја има во личната карта.

Покрај тоа што не е пријавен како нејзин имот во ДКСК, таа е и дивоградба, односно истата не е легализирана.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува надлежните институции да постапат, а Славјанка Петровска наместо на ВМРО-ДПМНЕ како што вети, оваа луксузна хациенда да ја донира на здруженијата на бранители од 2001 година.

ВМРО-ДПМНЕ исто така ја повикува Славјанка Петровска веднаш да си поднесе оставка. Личност без морална димензија како Петровска не смее да биде на чело на МО и да седи заедно со министрите за одбрана на нашите стратешки сојузници во НАТО“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања