Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Јавното обвинителство да се одважи и да отвори случај аферата Броило на Ковачевски од 26 милиони евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0104

Кога веќе Антикорупциска реши да биде адвокат во одбрана на криминалот на Ковачевски, тогаш Јавното обвинителство да се одважи и да отвори случај за аферата Броило од 26 милиони евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Јавното обвинителство не смее да замижува пред фактите за криминалното здружување на соларниот картел предводен од Димитар Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов преку кој црпеле милионски суми државни пари додека граѓаните едвај преживуваат.

— реклама —

Не може за обвинителството да молчи пред фактот дека овие пари соларниот картел ги заработил најмногу во периодот откако Ковачевски е функционер и во центарот да биде токму Пиксел груп, фирмата во која тој е еден од основачите.

Ковачевски и неговиот кум Паунов ја формирале Пиксел груп откако СДС доаѓа на власт и истата од 2019 до 2021 година добива над половина милион евра државна помош. И за да биде криминалот очигледен половина од времето Ковачевски е на функција.

— реклама —

Воедно над 200.000 евра се земени во периодот кога Ковачевски е мандатар за состав на нова влада.

И тука не запрел овој соларен картел со црпењето државни пари. КМГ ЕОЛ Квазар, фирма основана од кумот на Ковачевски добила речиси 2 милиони евра за тендери за поставување на фотоволтаични панели и тоа баш произведени од Пиксел груп, основана од Ковачевски и неговиот кум.

— реклама —

Не може да биде случајно фирмата на кумот и ортак на Ковачевски да склучи и договор за монтирање фотоволтаични панели од над 2 милиони евра, баш кога тој е заменик министер.

Сепак, дека без осет црпеле државни пари, покажува и фактот дека откако Ковачевски станува премиер фирмата која тој ја основал се заортачува со бугарска компанија и заедно градат фабрика во ТИРЗ Тетово во вредност од 54 милиони евра.

— реклама —

Поочигледен случај за криминал, злосторничко здружување и тргување со влијание, обвинителството и не може да најде. Се што треба е да собере храброст и да отвори случај за соларниот картел предводен од Ковачевски.

26 милиони евра се украдени од граѓаните во аферата Броило, пари кои можеле да се наменат за помош за граѓаните кои не знаат како ќе си ги платат сметките. Затоа ЈО не смее да молчи пред фактите и да застане во одбрана на криминалот. Одговорност мора да има“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања