„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Јавното обвинителство формираше комисија за следење на противправности во врска со референдумот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
obvinitelstvo1

Јавниот обвинител на Република Македонија формираше комисија за следење на евентуални противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30 септември.

— реклама —

Како што информираат од Јавното обвинителство, за претседател на привремената комисија е определен јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, а во неа членуваат и по еден јавен обвинител од четирите Виши јавни обвинителства.

Комисијата има за задача на дневна основа да ги следи сите настани поврзани со процесот на организирањето и спроведувањето на референдумот. За оние настани за кои ќе се оцени дека даваат индиции за извршени нерегуларности, известувањата веднаш ќе се проследат до соодветното основно јавно обвинителство. Во исто време, ќе се дадат задолженија до основните јавни обвинителства за итно постапување, односно да формираат предмет и да ги преземат сите дејствија за утврдување на сите релевантни факти од кои зависи правилната примена на Кривичниот законик.

— реклама —

„Проактивното и превентивно дејствување на Јавното обвинителство со формирањето на привремената комисија е одговор на ставот дека настаните поврзани со претстојниот референдум се од поширок општ интерес во јавноста, каде има потреба од поголема организираност во насока на заштита од криминални или други противзаконски дејствија“, се наведува во соопшението.

Јавното обвинителство, преку привремената комисија за следење на евентуални противправности ја повикува јавноста, граѓанските организации, други организации, политички партии, домашни и меѓународни институции и сите кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со референдумот, да достават пријава до комисијата на електронската адреса – referendum@jorm.gov.mk.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања