„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Јазикот бетон? ЕК не дава детали за македонскиот јазик во договорот за Фронтекс

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
EU-1

Европската Комисија во наредните часови, или денови, ќе даде детали за договорот со Фронтекс, кој Софија до сега го блокира поради македонскиот јазик, јави дописничката на МИА од Брисел.

— реклама —

Според македонските владини претставници, преговарачката рамка предложена од француското претседателство треба да го деблокира и договорот за Фронтекс, кој Северна Македонија не можеше да го потпише до сега поради одбивањето на Бугарија во него да стои македонски јазик.

На денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел МИА побара одговор од Европската Комисија дали и кога овој договор ќе биде потпишан и доколку Северна Македонија го прифати францускиот предлог во која форма ќе фигурира македонскиот јазик, дали тоа ќе биде чиста формулација без астериск, фусноти и додавки. Европската Комисија не беше во можност веднаш да даде одговор.

— реклама —

-Сега ги разгледуваме практичните импликации вклучително и за можноста за договорот со Фронтекс, треба да се видат низа оперативни детали на таа тема, да се види кои ќе бидат импликациите врз него, рече портпаролката на Европската Комисија, Дана Спинант.

МИА испрати писмено барање до генералниот директорат за внатрешни работи на Европската Комисија со ова прашање. Оттаму добивме одговор дека службите на Европската Комисија работат на прашањето и дека ќе испратат одговор „што е можно побрзо“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања