Новинарката и критичар на власта, Јорданка Ивановска-Јоци, по дебатата помеѓу кандидатите за градоначалници за Општина Аеродром, смета дека не треба да има избори.
„Шо знам...не живеам таму, но од она што го слушам на Телма, во #Аеродром не треба избори. Предадете ја на вмровци уште утре, не губете време на избори.
#Тимчо ќе ги прегази СДСМ, скроз е фул пакет - ,,бејби фејс", лепушкаст, професор, јасен, фокусиран, харизма....брише под со Цандево на СДСМ кое се смее ко зелено на тв и повторува - ,,ама јас зеленило ќе садам....роден сум во Аеродром...лаги се дека не живеам во Аеродром".
И најсмешниот момент....#Цанде вели ќе ја сузбивал урбаната мафија во Аеродром. Не му кажале дека Златко Марин од неговата партија беше 4 години градоначалник и уште е актуелен“, напиша Јоци.