Значи, стварно сте лоши. Му го изреметивте и му го расипавте цел одмор на чоеков во Мехико. Он за сите нас зема таму да си ужива, док ние во карантин скапуваме.
Ене, и оној Љупче од Дубаи исто - работел 18 часа, имал право на одмор. Де, беее...јаката штикла!
Па, Грујо работеше 24/7 и еве го - сега си ,,одмора" во азил, а уше малку и у Идризово, напиша новинарката Јорданка Ивановска Јоци на својот Фб профил.
Јоци во објавата додава:
Место да го оставеа да си ги поужива оние 80.000 евра, ова новинариве никакви и злобни, зеле да му ѕвонат на Рашково, па и во спална за малку ќе му влезеа.
Мислам, дечки - претеравте.
Премиерот рече чоекот е чист и стварно не знам зошто не му верувате.
Малку почит да покажевте? Рашко откри дека мачки го гребеле мерцедесот на Грујо.
Малку ли е тоа да го частиме буџетски пари сењоров и сењорината му?
Веќе ја частевме сењора Катица, широки сме во срцата, напиша на својот ФБ профил новинарката Јорданка Ивановска Јоци.

извор: Јорданка Ивановска Јоци