Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци која важи за жесток критичар ја искоментира дебатата на кандидатите за градоначалници на Град Скопје.
„Го прашуваат Бени и Камиказа актуелниов Шилегов зошто нема вециња на Кеј и во Центар, овој им одговара - поради барокот⁉️ Не, бе, овој Петросаурус какви глупости тресе просто Гоце ,,Вегета" за него е Ајфелова кула. Па, откако виде не може да се вади, зема да им дели лекции дека не смеело да има градби на коритото на Кеј, а Бени го потсети дека веќе има едно старо wc кај мостот Гоце Делчев. А, да...во Чаир се фали Шилегов дека го изградил бул.Х.Т.Карпош, а тој 90 отсто го изгради Коце. Срам те било, кажи бре на Коце е тој булевар!“, пишува Јоци.