Оние од Град Скопје се толку глупантропи, да тоа е чудо едно. Десет и повеќе луѓе работат таму за односи со јавност, земаат плата, а просто-проширено соопштение не знаат да срочат. Да и` објаснат на јавноста што се случува.
Впрочем таа нивна глупоќа ќе го чини Шилегов еден мандат и толку, вториот ќе го губи.
Дозволија онаа Драгана од ,,Левица" (која не сака да плаќа паркинг и се паркира кај и` текне во градов) со нејзините другарки од фирмата ,,Анима мунди" да направат права драма за некое куче - кое избегало, нападнало луѓе и друго куче, дошла полиција...
Стафорд раса која важи за опасна, напиша на својот ФБ профил новинарката Јорданка Ивановска Јоци.
Јоци во објата додава:
И сега бараат кучето да се вратело кај сопствениците без тие да платат трошоци.
И оваа партиска ,,драма" ја прават истите ,,Анима мунди" кои на Коце му се бесеа со години за врат, бараа да донесе градски Правилник за одговорно сопствеништво, за чип, за носење поводник, киснеа на седници на Совет.....а, сега не морало, пошто ја мрзат директорката, башка идат локални, нали.
А, башка они сакале да водат стационар....
И среде сето ова, тврдат - мноогу сакале животни. Не им било до кеш и фотелји на тие двајца без тројца кои останаа во тоа ,,Анима". Кое некогаш и јас го поддржував - ама тоа пред овааа Драгана од ,,Левица" да ,,завладее" со него, а притоа е советник во Град Скопје на месечна плата од 500 евричи. И веројатно пак сака да се кандидира и да се паркира кај сака и да ,,ослободува" кучиња бесплатно, кога сака.
Бљааак...
