Јоци: „Па, луѓе, вие како Влада паѓате со ова видео директно во пеколот на Данте“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
boki-13-reket

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци преку социјалната мрежа фејсбук даде свој коментар по објавената снимка на која се гледа како Боки 13 ги зема парите од бизнисменот Орце Камчев. Јоци на ФБ напиша:

— реклама —

Е, не, ќе ја чекаат Вилма да се врати од одмор. И Зоки да се одлучи што ќе прави со сињора Катица. Муабетот каде на Камчев му кажуваат дека ќе биде ослободен сигурно од Врховен, пошто сињора Катица нема да употреби вонредни правни лекови, е после првата минута. Што и навистина се случи во наведениот период. Па, луѓе, вие како Влада паѓате со ова видео директно во пеколот на Данте. Корупција, рекет, Врховен, обвинители, политичари, цел систем е девастиран. Па, дајте не ја правете јавноста глупава дека Боки е ,,капо ди тути капи" кој ослободувал луѓе преку Врховен. Тука е вмешана цела армија од судии, политичари, обвинители, Боки бил само извршител. Носач на куферчиња. Досега требаше сите инволвирани во оваа мафијашка ствар да ги пикнете во затвор и да се исчистите. Вие два месеци ги спасувате.

— реклама —
8s4fMxpiYWY

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања