Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Јорданов: „Фајненшл Тајмс“ во 2014 година Штип го прогласи за најперспективен микро град во Европа денес е град кој стагнира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ivan-stip

Ако во 2014 година „Фајненшл Тајмс“ го прогласи Штип за најперспективен микро град во Европа, денес ние може да го прогласиме за град кој стагнира. Ако од 2013 до 2017 година Штип беше претворен во големо градилиште, денес во општината градат само семејните фирми на градоначалникот. Општина Штип доживуваше експанзија на секое поле и растеше во секој поглед. Откако СДСМ дојде на власт градот потона во самодеструкција. Штип веќе ни оддалеку не наликува на студентски и индустриски град во развој во кој младите ќе ја гледаат својата иднина, истакна Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Инвестицискиот рај за странските компании во кои работат работници од соседни градови е во фаза на исчезнување, па затоа веќе трета година нема ниту една странска или домашна инвестиција со која би се забрзал економскиот раст и развој во општината.

Во ТИРЗ зоната има нула странски инвестиции после 2017 година. Компаниите се жалат на лошата клима за инвестирање во Штип, па затоа веќе  не ја гледаат својата иднина во нашиот град. Клиничката болница која требаше да биде завршена уште во 2018 година остана карабина која гласно зборува за неспособноста на оваа власт, а автопатот Штип - Миладиновци веќе неколку години само што не е пуштен во употреба.

— реклама —

Градоначалникот во предизборието ветуваше младинска гаранција за вработување на секој студент после завршување на образованието, меѓутоа за тоа веќе нема ни најава дека ќе се случи. Младите масовно се иселуваат од нивниот роден град затоа што овде не ја гледаат својата иднина. Како резултат на лошото менаџирање на општината од индустриски и административен центар, Штип стана најнеразвиениот град во источна Македонија.

СДСМ не знае како да практикува власт. Нивното неработење и негрижа за народот од национално се мултиплицира на локално ниво. Безидејноста за нови проекти и неспособноста да ги завршат веќе почнатите е на сметка на граѓаните. Тие се жртва на оваа хунта која нема ни принципи ни критериуми за работа, туку само деградира воспоставени пракси, осиромашува население и го отежнува на секој граѓанин во нашиот град, истакна Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања