„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Јорданов: Распука дел од криминалната тендер коалиција, додека Дончев бега, Жути ја полни сметката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Ivan

Ден Дончев бега, а Жути зема тендери. Распука дел од криминалната тендер коалиција. Дончев пакува куферите а Жути ја полни сметката. Криминалниот тендер со стентови во Клиничката болница во Штип, беше само вовед во тоа што јавноста допрва ќе слуша. Веќе е направена шемата за нов криминален тендер, кој ќе се случува по веќе видено сценарио.истакна Иван Јорданов, Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип.

— реклама —

Имено, Клиничката болница од Штип и покрај тоа што од пред неколку години поседува имунолошки анализатор од марката Абот Архитект, сега повторно доби нов таков анализатор, кој ќе работи само со еден вид затворен круг реагенски. Ако знаеме дека во ваквите шеми, главен лик е Жути, веднаш можеме да претпоставиме што ќе следува.

Токму фирмата на Александар Јовановски - Жути е таа што ги набавува реагенсите за овој анализатор. Нашите информации посочуваат дека тендерот за набавка на реагенсите ќе изнесува 8.300.000 денари.

— реклама —

Иако тендерот за реагенси во Клиничката болница Штип се‘ уште не е распишан, за кратко ќе се увери јавноста во ова за кое предупредуваме.

Со овие информации сакаме навремено да ја информираме јавноста за шемите на Филипче со раководството на Клиничката болница во Штип, а кои се во тесна соработка со фирмата на Александар Јовановски - Жути.

Затоа, предупредуваме! Тендерот за реагенси е веќе наместен и спецификацијата е напишана според потребите на фаворизираната фирма, кое упатува кон уште еден криминал од епски размери, истакна Иван Јорданов, Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип.

фото: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања