„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Јорданов: Скандалозен тендер за набавка на стентови во штипската болница доделен на фирмата на Жути БИО МЕДИКА

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
tendre

Брзото богатење во редовите на СДСМ не е нова дисциплина. Додека граѓаните врзуваат крај со крај, бандата функционери на СДСМ безгрижно креираат тендери со сомнителни позадини. Клиничката болница во Штип неодамна распиша тендер за потрошен материјал за интервентна кардиологија. И додека оставаат впечаток дека се грижат за граѓаните, тендерот открива матна зделка, која стигнува до врвот на Клиничка болница Штип и Министерството за здравство, истакна Иван Јорданов, Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип.

— реклама —

Имено, минатата година преку овој тендер се набавиле 60 стентови, а оваа година со тендерот се побарани дури 420 или 7 пати поголема бројка. И се разбира, тендерот го добива веќе познатата фирма БИО МЕДИКА ДООЕЛ Скопје. Оваа фирма и нејзината врска со Александар Јовановски-Жути е позната на јавноста по 35 милионскиот тендер за реагенси.

Дали веќе познатата врска меѓу министерот Филипче и компанијата БИО МЕДИКА е пресуден момент за началникот на Кардиологија Сашко Николов и директорот на Штипската Клиничка болница, да вмешат свои прсти во оваа сомнителна зделка на стентови?

— реклама —

Кој ќе профитира најмногу од огромната бројка на стентови набавени од страна на Клиничката болница?

Дали триаголникот Филипче-Жути-Клиничка Болница Штип активно соработува и профитира на грбот на граѓаните во вонредна состојба?

Несомнено, ова е најкриминалната структура која владеела со државава и која бесрамно кратела од устата на народот, за лично и само лично богатење, истакна Иван Јорданов, Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип.

фото: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања