Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Јошевска Анастасовска: Ако бил доволно голем да седне во огромна моќна кола и да вози без дозвола, доволно е голем и да му се суди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
soobrakajna-nesreka

По одлуката на скопското јавно обвинителство на 16-годишникот којшто со „БМВ“ го прегази хирургот Ѓорѓи Јота да му се суди како на „дете во ризик постаро од 14 години“, односно на малолетник, со реакција во јавноста се огласи адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска.

— реклама —

Таа истакнува дека поради тежината на кривичното дело, Обвинителството треба да се повика на исклучоците предвидени во Кривичниот законик кои предвидуваат на сторителот да му се суди како на полнолетен.

– Ако бил доволно голем да седне во огромна моќна кола и да вози без дозвола, доволно е голем и да му се суди како на полнолетен.

— реклама —

Има законски основ, само нека читаат малку подлабоко, нека не се поставуваат бирократски. Затоа се исклучоците, за да санкциите и мерките бидат соодветни и прилагодливи на стореното кривично дело и сторителот.

Овој случај е пример за тоа дека треба да се видат и проценат сите околности и сериозно да се одлучи дали ако му се суди како на дете ќе биде задоволена правдата, напиша Јошевска Анастасовска на Фејсбук.

Погледенете како изгледаше тоа на социјалната мрежа Фејсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања