Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Јован Јаулески: Најголемата мерка на СДСМ за намалување на невработеноста е забрзаното иселување на младите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
jovan-jauleski

Најголемата мерка на СДСМ за намалување на невработеноста е забрзаното иселување на младите кое ни се случува откако тие дојдоа на власт. СДСМ две години не направи ништо суштински за да ги задржи младите да останат во земјата. Две години нема никаков проект, ниту мерка, за сега откако илјадници млади се иселија да излезат со проект кој го нарекоа младинска картичка, а која наместо реална придобивка нуди минимални попусти во скапи локали, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Секојдневно полни автобуси како од внатрешноста, така и од Скопје ја напуштаат Република Македонија. Училиштата се празнат, а амбасадите од Западна Европа годишно даваат неколку десетици илјади работни визи на наши граѓани, воглавно млади кои одлучуваат да работат и живеат надвор од државата.

Ова почитувани е реалноста, редици пред амбасади, празни училишта и полни автобуси правец Западна Европа. Ова е епилогот од владеењето на СДСМ.

— реклама —

Дарко Каевски и Зоран Заев се директно виновни за голготата низ која поминуваат младите. Поради неспособноста и неработата на власта, младинската невработеност во Македонија е најголема во регионот и во Европа. На младите не им требаат празни флоскули и картички за  попусти, младите сакаат нормални услови за работа како нивните врсници од развиениот свет. Дарко Каевски и Зоран Заев не го овозможија ова. Дарко Каевски, Зоран Заев и целата влада треба да си заминат. Младите заслужуваат перспектива, а не уназадување, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања