Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Јованоски од Охрид: СДСМ и коалицијата и Константин Георгиески се најдоброто за Охрид,

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Охрид

Носителот на листа за советници во општина Охрид вечерва пред насобраните граѓани на караванот на „Најдоброто за мојата општина“ - Науме Јованоски рече:

Огромна е честа, но и одговорноста што стојам овде пред Вас. Вие сте единствениот мотиватор за моето повторно активирање во политиката и прифаќањето на претседателската функција на Општинската организација на СДСМ. Се нафатив затоа што сум сигурен дека ние како партија и нашиот градоначалник Константин Георгиески можеме да го направиме најдоброто за Охрид, најдоброто за Вас.

— реклама —

Со мојот личен кредибилитет гарантирам дека ќе го реализираме ветеното. Ние не сме кочничари, туку сме визионери. Многу проекти кои беа со години ветувани се реализираа во изминатите четири години, а уште повеќе се започнати и чекаат на нивна дореализација. Јас, Номче Јованоски Чакар сум човек од збор, човек кој безусловно го сака овој град и кој многу вложил во него. Како носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата "Најдоброто за нашата општина" се залагам за мнозинство на Советот.

— реклама —

Ајде, заедно со вас да создадеме совет кој ќе може да ги носи најдобрите одлуки за Охрид, совет растеретен од притисоци и пазарења. 12 советници, за победа на 12ти октомври. За нашите деца да останат овде и да ја градат својата иднина, за современа инфраструктура, уредени сообраќајници, чист град, туризам 365 дена, стоп на бесправната урбанизација, Охрид град на УНЕСКО, спортски град, град на светлината. Ние живееме на свето место, овај град не заслужува ништо помалку туку го заслужува најдоброто.

— реклама —

А, Вие знаете што е тоа, тоа е СДСМ и коалицијата и Константин Георгиески за градоначалник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања