Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Јовановиќ: 7 прашања кои ме мачат за четвртиот пакет економски мерки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
branimir-jovanovic

Професорот Бранимир Јовановиќ на својот Фејсбук профил го искоментира четвртиот пакет на економски мерки воведен од Владата и истакна 7 прашања поврзани со него.

7 прашања кои ме мачат за четвртиот пакет економски мерки, напиша Јовановиќ.

— реклама —

1. Зошто поддршката за плати повторно ќе се дава преку фирмите, наместо да се дава директно на работниците, и дали повторно ќе видиме како овие пари завршуваат кај газдите на фирмите наместо кај работниците?

— реклама —

2. Дали еден од условите за добивање на оваа поддршка ќе биде фирмата да немала висока добивка во претходната година, или повторно најмногу пари ќе добијат „Систина“, „Брако“, кладилници, казина и фирми од зоните кои не плаќаат даноци?

— реклама —

3. Зошто на загрозените граѓани повторно им се даваат само платежни картички од 6.000 денари, наместо да се вклучат во постојниот систем на социјална заштита и да добиваат поголема поддршка на подолг период?

4. Зошто од 470-те милиони евра, колку што е целиот пакет, за загрозените граѓани се само 27,6 милиони евра преку платежни картички, односно само 6%?

5. Зошто во пакетот нема мерка за купување таблети за учениците кои немаат услови за онлајн настава, кога за тоа би биле потребни околу 5 милиони евра, односно, 1% од целиот пакет?

6. Зошто нема мерка за поддршка за онлајн продажба и онлајн работење на самовработените и малите фирми?

7. Колкава буџетска дупка ќе се направи со сите најавени даночни намалувања и како таа ќе се покрива?“, напиша Јовановиќ.

 

https://www.facebook.com/brantscho/posts/10157620154457078

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања