„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Јовановиќ ја нападна Нина Групер: Само мене ми се чини дека министерката бега од дебата?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Nina-Angelovska-Grouper.the-hundert.com_

ФБ статус на Бранимир Јовановиќ:

— реклама —

Ја виде некој Министерката за финансии на некоја дебата за рамниов данок? Ја виде некој таа анализа која наводно ја направиле за ефектите од прогресивниот? Или сè остана на оној еден слајд од пресот?

А, ви текнува како изјавуваше пред неполн месец дека секоја законска измена ќе биде објавена 6 месеци однапред, за да не креира правна несигурност и за да има доволно време за дебата?

— реклама —

И, ви текнува како ние го воведувавме прогресивниот данок лани? Дека уште веднаш објавивме целосна анализа за потребата, причините и ефектите од прогресивниот данок. Дека бевме на сите дебати на кои нè поканија, некогаш и на две во еден ден. Дека имавме секојдневни средби со сите засегнати страни. Дека објавувавме инфографици, видеа, и слични информативни материјали...

Само мене ми се чини дека Министерката бега од дебата? Само мене ми наликува ова на избрзано, нетранспарентно, неаргументирано, па дури и насилничко носење закони? Само мене ми наликува ова на нешто што го правеше еден режим порано?

 

https://www.facebook.com/brantscho/posts/10156716622627078

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања