Бранимир Јовановиќ, советникот на поранешниот министер за финансии, Драган Тевдовски, се огласи по повод мерката на Владата во рамките на третиот пакет економски мерки за зголемување на потрошувачката. Една од мерките е да се помагаат и бизнисите па беше најавено за сите граѓани викенд на пазарење без ДДВ.
Јовановиќ не се согласува со мерките Влдата. Предупредува дека со оваа мерка постои опасност да се рашири вирусот, ќе доведе до пад на буџетот, а најмногу корист ќе имаат богатите.
Во својот статус на „Фејсбук“ тој пишува:
1. Таа ќе направи ужасни гужви по продавниците, што може многу да го рашири вирусот.
2. Мерката ќе доведе и до значаен пад на буџетските приходи, зашто луѓето купувањето на многу производи ќе го одложат за тој викенд кога нема да се плаќа данок.
3. Од мерката многу повеќе корист ќе имаат побогатите, тие ќе ја искористат за да си купат поскапи производи без данок.
4. Мерката ќе доведе и до легализација на даночната евазија, односно ќе им овозможи на фирмите прометот кој не го пријавиле претходните месеци да си го пријават тој викенд без да платат данок.
„Сме ја дискутирале меркава уште јас кога бев во Министерството, и тогаш успеавме да ги разубедиме останатите од Влада да отстапат од неа. Се надевам ќе отстапат и сега, бидејќи сега штетата би била уште поголема“, пишува Јовановиќ.
фото: Архива