Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Јовановски: Во завршна фаза е Проектот за реконструкцијана Плоштадот „Крушевска Република”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
press1-1

Плоштадот „Крушевска Република” е едно од најрепрезантативните места во  Охридското централно подрачје и локалитет кој секојдневно има голема  фреквенција на гости и туристи.Овој плоштад  го означува почетокот на Охридската чаршија и го поврзува овој дел од градот со Главниот плоштад и Градскиот кеј на Охридското Езеро. На овој плоштад е лоциран и Охридскиот Чинар кој е многу важна охридска знаменитост и е една од главните атракции за гостите и туристите, истакна Филип Јовановски , член на ВМРО Народна Партија, на кој што се презентираше дел од предизборната програма на кандидатот за градоначалник Д-р Константин Георгиески.

Сегашниот изглед со целокупната инфраструктура, постоечката фонтана и урбаната опрема на овој плоштад не се на задоволително ниво и истите се во лоша состојба, па оттука се јавува потреба од нивно реконструирање.

— реклама —

Изготвено е Идејно решение и во завршна фаза е Проектот за реконструкцијана плоштадот. Уредувањето на овој плоштад ќе придонесе за создавање поубав амбиент за одмор и прошетка на охриѓани и туристите и место каде што ќе може поефикасно да се организираат настани и манифестации особено во текот на летната туристичка сезона.

Со реконструкцијата се предвидуваат нови содржини кои ќе бидат во согласност со стандардите за заштита на културното наследство и една нова понуда која во текот на целата година ќе ги привлекува домашните и странските посетители.

— реклама —

Нашата цел е јавните површини во Охрид да добијат современ лик достоен за еден туристички и културен центар.

На 21-ви април да излеземе и да ја дадеме својата поддршка за конкретни и реално остварливи проекти. Да го заокружиме бројот 7 и да гласаме за нашиот кандидат Константин Георгиески.

Заедно напред за Охрид, рече  Јовановски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања