„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Јовески: Да не се фрлаат сомнежи за синот на Џафери и за сопругата на Абази, да им дадеме шанса!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2021-11-26-at-14.17.38

Републичкиот jавен обвинител Љубомир Јовески вели дека не треба да има сомнежи во тоа што меѓу кандидатите од седмата генерација што ја завршија Академијата за судии и јавни обвинители се најдоа синови, сопружници и други блиски роднини на високи политички функционери и делители на правдата.

— реклама —

Меѓу нив најзвучни се имињата на Барлет Џафери, син на собранискиот спикер Талат Џафери и Албулена Абази, сопруга на шефот на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази.

Овие лица, рече Јовески, се запишале на Академијата под многу строги критериуми и со успех ја завршиле, пренесе порталот 360 Степени.

— реклама —

– Лицата кои ги спомнувате учествувале на огласот за упис во Академијата на судии и јавни обвинители на кој има многу строги критериуми, покажале соодветни резултати и биле примени во Академија, со успех ја завршиле и според тоа јас апсолутно не гледам никаква причина да се фрла сомнеж на овие млади луѓе. Вчера беше нивната промоција во салата на Врховниот суд. На овие млади луѓе им ја предочив одговорноста со која се соочуваат, на тежината на носењето на судската и на обвинителската тога, на одговорноста, но истовремено и на гордоста да се носи тогата, изјави Јовески.

Ова тој го одговори прашан дали непотизмот може да направи некакви проблеми во борбата против корупцијата. Според Јовески на овие луѓе треба да им се даде шанса и во соодветна постапка да бидат избрани за судии и јавни обвинители.

– Уште еднаш да бидам јасен, на овие луѓе треба да им се даде шанса, тие луѓе завршиле соодветно образование и ги исполнуваат сите законски услови да можат во соодветна постапка да бидат избрани за судии и јавни обвинители. Советот на јавни обвинители имаше распишано оглас, јас немам информација кој сè се има јавено на овој оглас, а вчера разбрав дека и Судскиот совет распишал оглас за пополнување на упразнети места во судовите во државата, рече Јовески.

Тој одговараше на новинарски прашања по потпишувањето на протоколот за соработка меѓу МВР и Јавното обвинителство.

Вчера, како што објавивме, на свеченост во салата во Врховниот суд, на кандидатите на седмата по ред генерација која ја заврши Академијата за судии и јавни обвинители им беа врачени уверенијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

20221209212201

Грковска против Јовески: Не треба да биде уставен судија

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања