Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Јовески остро во Собрание: Оставете нѐ да си ја работиме работата, јас не сум ниту сведок ниту експерт за да седам тука

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2023-11-03-at-12.14.33

Оставете нѐ да си ја работиме работата, порача државниот обвинител Љубомир Јовески на собраниската Анкетна комисија. Тој остро ги искритикува членовите на оваа комисија бидејќи смета дека тие водат паралелна истрага. Посочи дека се крши Уставот и неколку закони. Обвинителството е во клучна фаза на постапката, па рече дека не може да дава детали за постапката.

„Јас сум повикан во својство на сведок/експерт. Да бидам искрен, кога ја примив поканата мислев дека е грешка. Но следејќи ја работата на ова тело, се повеќе сум уверен дека не станува збор за грешка туку за излегување на надлежностите на собраниските цели, со цел да се наруши предистражната постапка која ја води Обвинителство. Јавниот обвинител ниту е експерт ниту може да сведочи за активна кривична постпака. Тоа го забранува Уставот, кој ја гарантира самостојноста на јавниот обивнител надлежен за кривичен прогон. Ваквата расправа е спротивна и на други закони“, кажа Јовески.

— реклама —

Тој додаде дека не смее да се компромитира постапката на Обвинителството. Посочи дека и тој сака да ја знае вистината.

— реклама —

„Анектната комисија постапува спротивно и на својот Деловник. Таму вели дека не може да имате истражни и судски функции. А вие сами сте напишале дека ќе утврдувате дали има политичка одговорност во овој случај. Кривичната одговорност, можеби ќе ве разорачам, не е во ваша надлежност. Секојдневно дипломатските претставници, претставниците на ЕУ, невладините организации ве повикуваат вас политичарите да не се мешате во работата на правосудството“, додаде Јовески.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања