Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ЈП Билјанини Извори се поднови - купиле нова правосмукалка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pravosmukalka

„Инвестиции“ во Охрид !

— реклама —

Во официјално соопштение испратено до медиумите денес ЈП Билјанини Извори ја информира јавноста дека купиле нова правосмукалка, која плус може и да полира паркет и ламинат.

Во соопштението не е наведена вредноста на оваа инвестија која е наречена со „Продолжува со планот за техничко осовремување“.

— реклама —

Во соопштението стои:

„Продолжува со планот за техничко осовремување и поддршка на техничкиот персонал при претпријатието кој е задолжен за одржување на постоечката спортска инфраструктура во Спортскиот центар “Билјанини Извори”, а се со цел подобрување на условите за нашите спортски корисници, спортските клубови и рекреативците.

Деновиве ЈП Билјанини Извори се поднови со современа машина за чистење и одржување на паркет од фирмата Клинфикс со одлични перфоманси за чистење, полирање и одржување на паркети и ламинатни подлоги.

Ова е уште една скромна но многу значајна, од отварањето на салата прва од ваков тип, техничка инвестиција која во многу ќе го подобри и олесни досегашното одржување и чистење на паркетот при спортската сала.

ЈП Билјанини Извори и во иднина планира да инвестира во подобрувањето и осовременувањето на техничката опрема при С.Р.Ц. “Билјанини Извори” веруваме на задоволство пред се на сите наши корисници но секако и на нашите вработени задолжени за одржување на спортската инфраструктура при центарот.“

ВО БИТОЛА КУПИЈА ЦРЕВО

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања