ВО ЖИВО

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ЈП „Комунална хигиена“ апелира до граѓаните да не создаваат диви депонии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
53604785_2270692896326214_4035434778923630592_n

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје седум пати во неделата, во три смени, го собираат и го транспортираат комуналниот отпад од скопските домаќинства и стопанските субјекти и истовремено ја одржуваат хигиената на јавните и сообраќајни површини, што подразбира нивно метење и миење. И покрај фактот што тоа не е наша примарна обврска, секојдневно расчистуваме диви депонии коишто настануваат како резултат на несовесното однесување на граѓаните. Неодамна влеговме и во дворовите на студентските домови и училиштата, каде што расчистивме огромни количества наталожен отпад, сѐ со цел цел хигиената и чистотата во градот да се подигне на највисокото можно ниво.

— реклама —

Но, ниту една наша активност не е доволна без вашата поддршка!

Доколку граѓаните својот стар мебел го одлагаат насекаде,  градежниот отпад го исфрлаат на јавните површини и свесно ги опожаруваат контејнерите, градот Скопје никогаш нема да стане достоинствено место за живеење.

— реклама —

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје апелира до граѓаните правилно да го одлагаат својот отпад, да не создаваат диви депонии коишто ја загадуваат животната околина, да не ги уништуваат садовите наменети за одлагање на отпадот и на тој начин да ја заштитат и  сочуваат чистотата и убавината на своето и нашето Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања